Мицкоски: Mладите ги полнат авионите, а се празнат градовите
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2018 21:12
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ попладнево се сретна со граѓани и имаше состанок во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Тој вели дека долгови се трупаат, а проекти нема. Младите си заминуваат, ги полнат авионите, а градовите се празнат.
„Огромен број на граѓани дојдоа и со загрижен израз на лицето ја споделуваат загриженоста за сегашноста и за тоа каде се движи Македонија во иднината. Самите велат дека сакаат од власта да ги обесхрабрат, да ги направат индиферентни на сѐ она што се случува, но во истиот момент додаваат не ни е сеедно бидејќи Македонија е сѐ што имаме. И така е, поминува една година како СДСМ е на власт, пред изборите ветуваа многу, но еве сега можеме да ги видиме и оценуваме една година потоа“- пишува Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски вели дека тие ништо не исполниле, не затоа што не се може подобро, туку затоа што не работат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




