Мицкоски го коментира Кирил Петков, и тврди дека тој не е храбар политичар
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бугарскиот премиер Кирил Петков не е храбар политичар, и личната кариера му е пред европските вредности
Вака го коментира бугарскиот премиер и вели дека Македонија одамна требаше да почне преговори со Европската Унија(ЕУ). Тој вели дека ова е разочарувачки.
„Ако ја анализираме оваа последна изјава на Петков за „Политико“, доаѓам до еден заклучок дека станува збор за политичар кој не е храбар. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со Европската Унија бидејќи народот тоа го заслужи, а не оваа влада која што е сега, тогаш тоа е нечесно, лицемерно и во најмала рака можам да констатирам дека станува збор за човек кој не е храбар“, вели Мицкоски во интервју за Македонското радио.
Инаку, Петков спомена рок од шест месеци за решавање на спорот со Македонија. Тој тврдеше дека само историјата не треба да биде критериум за отпочнување на преговори. Петков очекува да се сретне со македонскиот премиер во јануари.
Поради ветото од Бугарија, Македонија засега не може да ги почне преговорите со ЕУ.