МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИЈА ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Вели дека ќе се намали загадувањето на воздухот
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски најави инвестиција од една милијарда евра и вели дека со неа ќе се намали загадувањето на воздухот. Кажа дека има потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира во когенеративна гасна постројка.
„Единствен начин за да делуваме на намалување на загадувањето на воздухот веднаш е во оние средини каде се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, а неретко и гуми- не се тие корисници виновни туку социјалната состојба им е таква да бидат приморани, да биде заменета со друг енергенс прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување. Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино- преку градба на когенеративни гасни постројки кои во текот на зимата ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено топла вода која преку топловодите ќе биде дистрибуирана до средините кои денеска користат енергенс кој за жал емитува ПМ 2,5 и ПМ 10 честички во воздухот и тоа е 60 отсто од факторот кој влијае на загадување на воздухот“, вели премиерот.
Рече дека ова нема да оди преку ноќ, но очекува идната година да почнат со работа. Мицкоски очекува за период од три години, тоа да се заврши. Повеќето македонски градови и денеска се со загаден воздух.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.