17 Декември, 2025
0.0565

Мицкоски: Нашите чекаат Бугарија да го одбие предлогот

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2022 21:15

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во студиото на ТВ24 рече дека македонската страна „едвај чека“ бугарската страна да го одбие францускиот предлог на Емануел Макрон. Предлогот и да се прифати, вели Мицкоски, „ќе има само фотосесија“ во Брисел.

- Сфатија дека влегоа во стапица , чекаат Бугарија да го одбие и тие да бидат конструктивните во процесот. Сите бегаат да дадат коментар, а што е толку страшно да кажат дека тоа што го виделе од медиумите е неприфатливо за нив,.рече Мицкоски.

За лидерот на најголемата опозициска партија чудно е тоа што се уште претставниците на македонската влада не даваат коментари, иако веќе има детали од преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој треба да се гласа во бугарскиот парламент.

- Франција не го става овој предлог на маса ако преку комуникациски канали не е прифатен од Софија и Скопје, смета тој.

Мицкоски смета дека предлогот ќе помине во бугарскиот парламент, но во јуни Македонија нема да добие датум за преговори, затоа што, како што вели тој, физички не е можно да се истурка документот на време.

- Ова е прашање на идентитетот и иднината на Македонија, ајде сега нека ни кажат да се асимилираме, тие што се креатори на тие политики. Овој предлог ги покрива сите претходни наши позиции, не значи дата, со вметнување на сите бугарски барања во преговарачката рамка и треба да се ослободи патот на Албанија кон ЕУ, а ние ќе треба да исполниме уште по некој услов, рече Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6