Мицкоски објасни зошто е погрешно Гаши да влезе во Владата на Заев
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Алтернатива прави грешка.
Смета дека е погрешно оваа партија да влезе во Владата. Мицкоски рече дека Македонија се соочува со катастрофални сосотојби во енергетиката, справувањето со ковид-пандемијата. Мицкоски вели дека погрешно е партијата на Африм Гаши да се приклучи во Влада со низа слабости.
Мицкоски смета дека манипулации се најавите за влошување на безбедносната состојба во државата ако Бугарија повторно стави вето за почеток на ЕУ преговорите. Гаши и премиерот Зоран Заев извесно време преговараат за влез на Алтернатива во Владата.
Премиерот Зоран Заев и лидерот на алтернативците, Африм Гаши, денеска ја одржаа третата средба во Клубот на пратеници за да ги договорат кадровските решенија.