28 Октомври, 2024
0.0311

Мицкоски: Oпштините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование.

Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски на денешното потпишување на договорите во Владата на Македонија. 

- Договорите се врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за што ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари. Опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други.  Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици - посочи премиерот. 

Тој исто така нагласи дека се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади за што ќе се инвестираат околу 59 милиони денари. Овие пари ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба.

- Се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на спортот за што се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други.

Договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа културата и туризмот за што се предвидени близу 200 милиони денари за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба - нагласи премиерот. 

Тој исто така објави дека се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други.

Ова е наше клучно ветување до граѓаните и е доказ за нашата посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани. За само три месеци овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините.

Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.

Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани.

На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија - заклучи премиерот. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков