МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024 23:07
Се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија, и дека секој кој го потценува народот, прави голема грешка.
Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика. Победуваме со повеќе од 170 илјади гласови разлика.
Мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но ние, благодарение на народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветува многу работи. Не напаѓаа, и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да ја делат Македонија, да го делат народот, користеа структури од ВМРО-ДПМНЕ од минатото да не напаѓаат, и ние издржавме, затоа што веруаввме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија.
Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ и за граѓаните на Македонија.
Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, дека Македонија не се плаши и дека се веаќа во рацете на народот.
Ние, заедно со вас, наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија. Македонија денеска покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата.
Резултатите оставаат простор да бидеме задоволни.
Имаме историска победа, бројките бпокажуваат дека оваа власт паѓа.
Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција.
Над 600 илјади луѓе гласаа против власта.
Цунамито се крена и им виси над глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно.
иМАМЕ ОБВРСКА ДА ИМ ГИ СРУШИМЕ СИТЕ ИДЕИ ЗА калкулации и предавства.
Ова е револуција на народот на Македонија.
Но, работата не е завршена, а власта не е нималку наивна.
Првиот круг е жолтиот картон, но тој свети, црвениот терба да се случи на 8 мај, каде треба да следи јасна победа над оваа криминална и корумпирана власта.
Имам и чувство на грижа поради лошите состојби во Македонија, свесен сум и треба секој еден што е со мене, да испорача брзи резултати. Не чека многу работа, мерки, проекти, промени, за да се избориме за подобар ѓивот. Да ја промениме сликата за реалноста.
Благодарност за секој еден глас, довербата мора да ја оправдаме.
Оние кои не гласаа и сеуште се двоумат, подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка, заедно сме посилни.
И оние кои гласаа за власта, нема да има освета кон било кој. Ги почитувам вашите уверувања, и повеќе никој не смее да ве плаши.
Нека се плашат тие што се огрешиле кон народот, е тие ќе одговараат.
Да ја поздравиме идната претседателка на Македонија и да и посакаме успешен мандат. Жалам што не веруваа во нас, но народот веруваше, народе на македонија во благодарам.
јА НАПАЃАА, НАВРЕДУВАА, НО ТАА ИЗДРЖА И храбро се бореше.
Се слушнав со нтаравари и му посакав успешни парламентарни избори и идна Влада во Македонија. Да не дозволиме ДУИ да направи добар резултат.
Излезете сите да гласаме и да биде македонија повторно ваша.
Можеби ќе ве интересира
ПРИТВОР ЗА „АДИТИВ“: ОЈО ГОКК ги објави деталите за што се сомничи првата антикорупционерка

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи
