Мицкоски разочаран што Груевски ќе мора да се јави во затвор
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 18:47
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на телевизија Алфа изјави дека одбивањето на жалбата на екс премиерот, Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон.
Според него, Никола Груевски е жртва на политички прогон.
„Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематеријална корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи Владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани“, вели Мицкоски.
Кривичниот совет ги одби жалбите на адвокатите на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова решение ќе му биде испратено на Груевски, по што тој веднаш ќе мора да се пријави на издржување на затворската казна.Во случајот „Тенк“ Груевски е осуден на две години затвор за набавката на „мерцедесот“ на МВР.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




