МИЦКОСКИ: ВМРО е темелот на Илинден, ВМРО му припаѓа на Македонецот
Објавено во: Македонија 02 Август, 2019
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двата Илиндена се обрати пред присутните во Ташмаруништа, во Струга.
„ Жална е сликата низ Македонија, прошетајте низ Малешевијата, Берово, Делчево, Битола, Кичево, Тетово и Гостивар, младите се иселуваат затоа што животот е мачен, тежок и лош, но се иселуваат и оние кои се со подобри финансииски примања, се ислеуваат бидејќи повеќе не веруваат во државата, затоа што системот е трул“, истакан Мицкоски.
Според Мицкоски, земјоделците во земјава гладуваат и се мачат, сиромаштијата се зголемува, студентите се бесни, докторите се незадоволни.
ВМРО е темелот на Илинден, ВМРО му припаѓа на македонецот. Многу генерации, херои и хероини го дадоа животот за
Македонија, истакна во своето обраќање Мицкоски, според него Илинден е потсетник дека не смееме да скршнеме од патот.
Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ е оптимист и во своето обраќање рече дека за неколку месеци од сега, по предвремените парламентарни избори ќе спроведе мерки со кои ќе ги задржи лекарите во земјава.