16 Декември, 2025
0.0369

МИЛА ЦАРОВСКА: Легнувам и станувам со задачата да се избере најдобриот модел на образование

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2020 10:30

Добивај вести на Viber

Не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, да се одлучува за избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Сосема искрено, јас во овој процес влегувам како министерка, но и како загрижен и одговорен родител, вели за почетокот на учебната година новата министерка за образование и наука Мила Царовска во интервјуто за Факултети.мк.

Мандатот го почнува во услови на пандемија, кога излегоа на површина децениските проблеми и недостатоци во образованието. Царовска верува дека може се поправат дефектите и да се врати системот на вистинскиот колосек - да создава кадри со знаења и вештини, да се врати довербата на родителите, како и достоинството на наставниците. Најавува промени и вели дека за добри и успешни научни проекти, секогаш ќе се најдат пари.

Што конкретно ќе направите во оваа смисла, каков модел, според Вас, би бил функционален?

Сосема искрено, јас во овој процес влегувам како министерка, но и како загрижен и одговорен родител, кој, како и сите родители, го сака најдоброто за своето дете. Верувајте, со сите расположиви домашни, но и меѓународни релевантни фактори континуирано се консултирам не за идеални решенија, бидејќи такви не постојат, туку за најдобро можните и реални, интегративни, во вакви околности. Можам да ги кажам за мене важните принципи и рамки. Не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, да се одлучува за избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Работиме да овозможиме и заштита на здравјето и солидно, ефикасно, ефективно образование. Во оваа ситуација не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме да понудиме најсоодветна солуција, а тоа е комбинираниот модел. И самите можете да заклучите од досегашната активност откако сум министерка. Тоа е дека постои максимална и бескопромисна посветеност, дијалог, инклузија, многу консултација, компарација на моделите, но многу поважно - ефектите и пред сè волјата и искрената посветеност за успех, на почеток, на полугодие, на крај од годината. Верувајте, легнувам и станувам со овие задачи. За да ја пребродиме кризата, но и за да го трансформираме најважниот систем - образованието.

Во таа смисла, многу е важно да се разбере дека досега предложениот комбиниран модел не е статичен, туку динамичен, и тој може и ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба, препораките на надлежните институции, но особено важно, и од контролата и квалитетот на образовниот процес. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и во Европа решенијата се национални, а не универзални. Во многу поразвиени држави, ги следиме предностите, проблемите и корекциите. За да креираме и спроведуваме најдобро можно решение и модел. Јас немам законски ингеренции во релација со јавното здравје, но имам и целосно ги разбирам и ги прифаќам моите обврски за системот и квалитетот на образовниот систем. Затоа, како министерка, во рамките на возможното, ќе инсистирам на организирање и спроведување квалитетен модел на образование на сите нивоа, со физичко и со онлајн-присуство, и за таа цел, интензивно работиме на обуки, техники, опрема и контрола на процесот. Ова се нови работи за сите. Досега се сретнав со сите одговорни лица во Министерството. Со сите директори на основните и на средните училишта. Со здруженијата на ученици и родители. Следни се одговорните во високото образование. Се координираме секојдневно со претседателот на Владата, Заев, и со колегата Филипче и колешката Шахпаска. Сите ние како држава мораме да успееме кога е најтешко. И работам и верувам дека ќе успееме. Најважно, од самиот почеток, сите одлуки, реализација, мониторинг, контрола и промени ќе ги правиме во дијалог и консултација со сите засегнати страни. И ќе ја информираме јавноста. Апелирам, кога станува за образование и здравје, да не се користи дневната политика, а мора да има целосна посветеност и одговорност. Впрочем, за сите законски и подзаконски решенија ќе влијаат и сите политички и невладини субјекти. За сите нив, мојата врата е отворена, добрата волја и конструктивност се понудени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење