22 Ноември, 2024
0.0319

МИЛИОНИ ИНВЕСТИРАНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ, НО ЗА ДРУГИ ДРЖАВИ: ревизорите утврдија колкави се загубите од одливот на интелектуалците

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Државата загубила скоро 45 милијарди денари или 726 милиони евра во период од 2013 до 2021 година инвестирајќи во образованието на интелектуалци кои ја напуштиле земјата. Ова го истакнаа ревизорите во извештајот „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовани и стручни кадри“.

- За анализираниот период од 2013 до 2021 година, просечниот вкупен годишен трошок за образование на емигрираните лица изнесува 19,5 милијарди денари или 3,19 отсто од годишниот БДП. Просечниот годишен трошок за образование на луѓе кои ја напуштаат државата е еквивалентен на едногодишен основен буџет на државата за образование. Од вкупно емигрираните лица, само високообразованите кадри кои емигрираат, просечно годишно ја чинат државата приближно 5 милијарди денари или 0,8 проценти од БДП. Во периодот 2013-2021 година државата инвестирала вкупно 44,7 милијарди денари (726 милиони евра) во целокупното образование на високообразованите лица кои емигрирале. Овој износ го вклучува нивното основно, средно и високо образование – се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите укажуваат дека државата ги подмирува трошоците и инвестициите во основно и средно образование. Финансирањето на прв циклус студии во високото образование на државните универзитети е комбинирано. Државата ги покрива трошоците за плати на професорите и административниот персонал, оперативните трошоци и дел капитални инвестиции., а универзитетите дополнително наплаќаат школарина.

- Од анализата утврдивме дека годишниот трошок на државата по ученик/студент, според степенот на школска подготовка, најмногу ја чини средното образование, па високото, и на крај основното образование – нагласуваат ревизорите.

Но, ревизорите не застанале тука, направиле анализа колкава е штетата врз растот на БДП поради емиграција на населението, и утврдиле и позитивни и негативни ефекти.

Меѓу позитивни ефекти од емиграцијата ревизорите ги посочиле дознаките, или парите кои тие ги праќаат дома. Нагласуваат дека овие приливи придонесуваат директно за БДП на земјата, финансиски помош за семејствата и поддршка на локалните бизниси.

Дополнително има позитивен ефект и врз развој на човечки капитал, се стекнуваат со нови вештини и знаења во странство кои може да ги вратат дома, што ќе доведе до зголемена продуктивност. Позитивен ефект е и намалена невработеност. Додаваат дека ова го поттикнува растот на платите, а тоа значи зголемена лична потрошувачка и зголемена агрегатна побарувачка која го поттикнува растот на БДП.

Но, од друга страна, ревизорите утврдиле дека миграцијата има повеќе негативни ефекти, како инвестицијата во образование и обука, земјата го изгуби повратот на инвестицијата во човечки капитал со заминувањето на кадрите.

Заминувањето на квалификувани работници создава недостиг во одредени индустрии, негативно влијае на продуктивноста и го забавува економскиот раст. Одливот на работна сила може да доведе до инфлација на платите, која може да стане неиздржлива за работодавачите и тие да затвараат.

Исто така посочуваат дека миграцијата може да ја намали побарувачка за стоки и услуги во земјата бидејќи населението се намалува.

- Намалувањето на работоспособното население може да доведе до пад на даночните приходи на намалена јавна потрошувачка. Намалените даночни приходи би биле резултат на намалени приходи од персонален данок заради нереализирани плати, намалени даноци на потрошувачка... Ова може да ги оптоварува јавните финансии, влијаејќи на способноста на владата да инвестира во јавните услуги и инфраструктурата – нагласуваат ревизорите.

Воедно истакнуваат дека може да дојде до демографската нерамнотежа, загубата на млади, работоспособни поединци може да резултира со стареење на населението, што ќе доведе до зголемени трошоци за здравствена заштита и пензија.

-  Согласно анализата вкупниот ефект на опортунитетниот трошок во однос на изгубен БДП кој не е генериран заради годишната емиграција на населението се проценува на 5,15 отсто од БДП на годишно ниво. Доколку на ова се додаде реално изгубената инвестиција во образование во овие кадри која во просек изнесува 3,19 проценти годишно од БДП, вкупниот негативен економски ефект изнесува вкупна загуба од 8,34 отсто од БДП на годишно ниво – нагласуваат ревизорите.

П.О. 

Фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет