Милошоски: Пендаровски не е спортски новинар, треба да најде пари за Охридскиот маратон
Објавено во: Македонија 18 Август, 2022 10:57
Aнтонијо Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика претседателот Стево Пендаровски да направи се што е можно како покровител на Охридскиот пливачки маратон. Шефот на државата вчера објави дека за прв пат од 1962 овааа манифестација нема да се одржува, затоа што е блокирана сметката на пливачката федерација.
Милошоски ја повика и Владата и Агенцијата за спорт и млади да најдат начин како да ја одблокираат сметката на организаторот, а предложува и да се побара помош од донатори.
„Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција.

Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија?“, прашува Милошоски.
Тој му порача на Пендаровски дека не е , како што вели, спортски новинар само да известува дека настанот нема да се одржува, туку дека треба и да превземе иницијатива.
„Претседателот Пендаровски вчера само напишал "ме информираше - ве информирам", како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота“, заклучува Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




