09 Декември, 2025
0.0329

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ не е виновна за барањата на Беса

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019 09:04

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонио Милошоски во интервју за МКД вели дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ не може да биде одговорна за националистичките барања и уцени на партиите на Албанците. Ова констатација на поранешниот министер за надворешни работи следува по предлогот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски партијата да му отстапи два пратеника на Зоран Заев за шефот на Владата да не мора да се пазари и да ги задоволува барањата на Беса во обидот да изнајде двотретинско мнозинство за уставните измени согласно Преспанскиот договор.

- Ние сега разговараме за последицата, но таа не е извор на одговорноста. Одговорноста или вината за ваквата ситуација во која што пазарењето за уставните измени навлегува и многу подлабоко во теми кои што се надвор од Договорот од Преспа лежи во оној кој што при неговото склучување дал ветување кое што не може да го исполни, а тоа ветување било дека има две третини пратеници кои што ќе го поддржат. Тој што го дал таквото ветување, без разлика дали бил Заев како премиер или министерот за надворешни работи, знаел или требало да знае дека владејачкото мнозинство нема две третини и дека може да биде премногу скапа цената за ова пазарење и условно речено, купување на пратеници. За националните теми кои што можат да се отворат со колегите пратеници Албанци, требало да знаат дека таквите ризици се реални и би биле нивна одговорност. Не може да одговара некој кој што не се договарал за овој процес и да носи одговорност наместо тој кој што ветувал две третини пратеници во моментот кога ги немал - вели Милошоски.

Тој додава дека владеачкото мнозинство е тоа што донело преоптимистичка проценка без да бидат свесни дека некои парламентарни групи ќе си ја зголемуваат нивната цена и ќе наметнуваат нивни барања, без разлика дали е тоа амнестија или измени на Кривичен законик или теми за албанската заедница или лични теми и барања за учество во извршната власт

- Таквата цена е премногу висока и недемократска, но одговорноста лежи во тој што дал ветување повеќе отколку што вредел - додава Милошоски.

Пратеникот дополнува дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе добие зачувување на својата позиција пред гласачкото тело со тоа што нема да гласа за уставните измени.

- Во политиката зачувувањето на довербата кон гласачите на секоја партија е еден од највредните принципи и е добивка сама по себе, бидејќи ова не се ниту први ниту последни избори и на секои наредни избори луѓето ќе можат да проценуваат кои партии или политичари држеле до своите ветувања и според тоа да ги оценуваат колку доверба може да имаат во нив или во партијата во иднина - тврди тој.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак