02 Мај, 2024
0.1955

MINI Clubman и Bоggi Milano ја претставуваат уметноста на урбаниот џентелмен

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во шармантна фотосесија низ урбаниот метеж на Скопје, брендовите MINI и Boggi Milano ги дефинираат правилата и принципите на урбаниот џентелмен.

Новиот MINI Clubman, со својот зрел карактер е израз на стил и самодоверба. Благодарение на британскиот дизајн и одличното германско инженерство, новиот MINI Clubman зрачи со современи „џентлменски” манири и првокласни квалитети.  Секоја педа е специфично урбана, уметнички изградена со неверојатна практичност. Со дополнителниот простор и флексибилноста, новиот MINI Clubman ја задоволува рационалноста и ги следи потребите на урбаните луѓе.

Шармантиот, италијански моден бренд Boggi Milano е најновиот член на широкото портфолио на Fashion Group. Приказната за Boggi Milano започува во далечната 1939 година, со идејата во секое парче облека да се преточи италијанската извонредност и тежнеење кон промоција на добро препознатливиот милански стил и квалитет насекаде во светот. Денеска, сместен во центарот на градот Скопје, со подеднакво луксузниот HUGO BOSS, Boggi e новатa модна дестинација за модерниот македонски џентелмен кој го сака убавото облекување, без разлика дали станува збор за формална или лежерна облека.

Комбинацијата на овие два бренда ја дава совршената доза на префинетост, умереност и страст, која со помош на фудбалерот Дарко Глишиќ, порталотReborn и  AD Photography е пресликана во правила на вистинскиот џентелмен.

Според нив секој модерен џентелмен треба да ги исполнува следниве каратеристики:

(1) Урбаниот џентелмен секогаш внимава на својот изглед. Џентлменот е добро облечен, внимава на сите детали и секогаш изгледа најдобро што може.

(2) Урбаниот џентелмен чита, секогаш е информиран и во тек со случувањата. Модерниот џентлмен е во тек со светот, со културата и светската политика.

 (3) Урбаниот џентелмен работи. Тој е вреден и посветен, ја сака својата работа, работи страствено и активно допринесува кон светот.

(4) Урбаниот џентелмен знае да готви. Џентелменот знае да избере добри состојки и да направи најмалку 3 добри јадења. Тој знае да одбере добро вино, ужива да готви за пријателите, но најмногу кога тоа го прави за својата дама.

(5) Џентелменот не ги заборава старите правила на џентлменство. Иако живее во модерно време, џентелменот знае дека негов најголем адут се старите добри манири. Вистинскиот џентлмен знае да избере и да и подари цвеќе на својата девојка и на својата мајка и е секогаш културен со сите.

(6) Урбаниот џентлмен останува верен на своето хоби и страст. Модерниот џентлмен е секогаш „исполнет“. Тој е посветен на своето хоби и го прави добро. Иако ужива во својата работа, ги разбира тежините кои доаѓаат со истата – затоа неговото хоби е неговиот издувен вентил.

Колекцијата за есен-зима 2016 на Boggi Milano, се одликува со темно сини нијанси, земјени бои, сиви и „бургунди“ тонови и елегантна црна боја. Класичниот и престижен изглед е претставен преку прецизната композиција на материјалите и вниманието посветено на деталите. Строги кроеви, геометриски шари, карирани елементи со доза на екстравагантност е стајлингот кој го дефинира независниот и автентичен маж, претставен преку модните парчиња на Boggi Milano.

MINI Clubman е најголемиот модел на MINI досега, располага со исклучителна стандардна опрема со дополнителна истакната ширина. Тој е сега удобен за пет патници, има странична клуб врата и специфична дводелна врата во задниот дел која се отвора со сензор.


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа