Министерката Апостолска ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред италијански компании
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2018 15:50
Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони(ДТИРЗ), Александар Младеновски, денес во просториите на Стопанската комора на Македонија, во Скопје, пред повеќе италијански компании го претставија новиот пакет на мерки за поддршка на инвестициите на Владата на Република Македонија. На работната средба присуствуваа амбасадор на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, претставници на италијанската трговска организација „ИТА“ и „Конфиндустрија – Македонија“.
„Со усвојувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во Собранието владините економски политики се унапредија во правец на поставување на цврста правна рамка, со која освен поддршка за инвестициите и конкурентноста на компаниите им се два и сигурност“, рече министерката Апостолска.
Нагласувајќи ја транспарентноста во односот кој Владата го има кон странските инвеститори, министерката Апостолска појасни дека со новото законско решение, преку јасно поставени и јавно достапни кретериуми, на компаниите им се гарантира сигурност во пристапот до финансиската поддршка.
„Административните процедури нема да бидат обесхрабрувачки и демотивирачки за компаниите кои ќе одлучат да инвестираат и да ги искористат бенефициите кои како Влада ги нудиме“, рече Апостолска.
Осврнувајќи се на значењето на квалитетот на работната сила за севкупниот економски раст и развој на земјата, министерката Апостолска ги информираше претставниците на италијанските компании за владините образовни политики кои се насочени на креирање на високо квалификувана работна сила која може да ги задоволи потребите на бизнис заедницата.
Во своето обраќање италијанскиот амбасадор Карло Ромео истакна дека очекува денешната работна средба да даде позитивен и охрабрувачки импулс за зголемување на италијанските инвестициите, и тоа како од компаниите кои веќе работата во Македонија така и од компании од Италија кои досега немаат вложено капитал во земјава.
Амбасадорот Ромео посочи дека по двегодишната политичка криза италијански компании повторно изразуваат интерес за инвестирање во Македонија, притоа изразувајќи оптимизам дека владините мерки за поддршка на инвестициите ќе допринесат за понатамошно унапредување на трговската размена помеѓу двете земји и ќе создадат услови бројот од 130 италијански компани, кои веќе работата во Македонија, да се зголеми.
На работната средба директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски, во контекст на мерките од Планот за економски раст, пред италијанската бизнис заедница во Македонија ги претстави условите и поволностите кои се нудат во технолошко-индустриските развојни зони.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




