Министерот Демири го суспендира директорот на Кардиохирургија
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2024
Министерот за здравство Илид Демири денес објави дека е суспендиран од функција директорот на Клиниката за кардиологија,Марјан Шокаровски, поради тоа што дозволил лажно да биде прикажана зголемена смртност на алатката „Мој термин“.
Демири рече дека Шокаровски, кој го замени Сашко Јовев на директорското место пред една година, е суспендиран поради тоа што 170 лица не се внесени во „Мој Термин“ дека ги користеле услугите на Клиниката за кардиологија.
- Извештајот кој го добив пред петокот и во тој извештај нема сигнификантно зголемување на смртноста, наспроти таквите медиумски инсинуации. Но денеска дознав друг податок - има 170 пациенти кои не добиле отпусно писмо и не се внесени регуларно во „Мој Термин“. Таквата бројка го менува исходот, рече Демири.
Министерот додаде дека втората причина поради тоа што се суспендира медицинскиот директор е состојбата на „крајна влошеност на меѓучовечките односи во една таква врвна институција“.
Демири рече дека е суспендирана и одговорната која водела евиденција колку странски експерти-кардиолози се ангажирани како советници во изминатиот период изошто кога државата дава по 700 евра дневница за таквите, навидум зголемена е смртноста.