Министерот Лога во Турција за побрза екстрадицијата на Палчо
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2024 15:22
Министерот за правда Кренар Лога за време на својата средба во Анкара со својот турски колега Јилмаз Тунч.ќе добие насоки за тоа како полесно да се екстрадира Љупчо Палевски - Палчо, убиецот на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Министерот Лога претходно бил придружуван од претседателката на Судски совет Весна Дамева и шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази и имал средба со првите луѓе на највисоките правосудни турски органи.
„На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.
По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.
Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство“ соопштија од Министерството за правда.
По овие средби ќе биде појасно дали поскоро ќе може Палевски да одговара пред македонските истражни органи за убиствата на 14 годишното девојче од Скопје Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, за кои Палевски е првоосомничен како директен извршител.
Лога ја посети и Правосудната академија на Турција и имаше средба со директорот Мухитин Оздемир.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




