18 Декември, 2025
0.0459

Министерство за здравство промени став, нема да бараат вакцинирањето да биде услов за упис во училиште

Објавено во: Македонија 23 Април, 2018 19:52

Добивај вести на Viber

Промена на ставот на Министерството за здравство. Оттаму рекоа дека нема да бараат вакцинирањето да биде услов за упис во училиште. Заменик министерот Гоце Чакаровски вели дека ги услогласувале ставовите со образование и ќе бараат механизми како да ги убедат родителите дека вакцините се безбедни и квалитетни.

- И не е точно дека ние сме работеле децата да не можат да се упишат во градинка или пак во училиште. Ние ќе бараме начин да ги убедиме родителите кои се скептични дека вакцините се безбедни и ќе ги убедиме дека ќе набавиме најквалитетни вакцини, вели Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство.

Оваа изјава од здравствените власти доаѓа по вчерашниот став на Министерството за образование дека одењето во училиште е уставно право за сите деца.

Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем, изјавија од образование.

Законска и задолжителна обврска е и имунизацијата на децата, иако според заменикот Чакаровски тоа било индивидуално право на родителот дали детето ќе го носи на вакцинирање.

- Индивидуално право е на секој родител да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете или не, меѓутоа како Министерство за здравство мора да водиме сметка за колективната безбедност, бидејќи едно невакцинирано дете, а инфицирано може да биде причина за инфективно заболување кај многу дечиња, вели Чакаровски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери