Министерството за енергетика затвори рудник за јаглен во Струга
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 10:50
На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.
Одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.
Пред неколку дена опозицијата и екоактивистите реагираа дела гори рудникот за јаглен Пискупштина и го труе околното население со канцероген воздух. Иако жителите неколку дена алармираат за оваа еколошка катастрофа, ниту една институција не се одважи да реагира.Со овој рудник стопанисува приватен концесионер од Скопје уште од 2013 година, но периодов состојбата е алармантна заради натоложениот ископан јаглен кој лесно се пали, објави пред два дена Јована Мојсоска од Левица.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




