Митко Јанчев урива куќи стари 60 години во Кавадарци
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2018 16:00
Почна уривањето куќи склони кон паѓање во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, денеска информираа дека по околу 60 години се уриваат ваков тип куќи кај триаголникот во градот, пренесе МИА.
– По уривањето, ќе се изгради и тротоар и наместо досегашната црна точка во сообраќајот, ќе се добие безбедно место за сообраќај, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Десет куќи беа прогласени за склони кон паѓање во Кавадарци, сопствениците требаше да ги санираат или урнат. Тоа мора да го сторат заради безбедност на луѓето и околината, рече неодамна за МИА кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Во изминатите години била прогласена само една куќа склона кон паѓање. Имајќи предвид дека вистинската ситуација е малку поинаква, општински комисии излегоа на терен и регистрираа десет такви објекти во многу лоша состојба, појасни градоначалникот.
Биле изготвени записници за објектите склони кон паѓање и за тоа писмено биле известени нивните сопственици.
-Тие имаат рок од триесет дена да направат санација или да ги отстранат објектите затоа што се небезбедни за луѓето и околината. Доколку не постапат по тие решенија, општината нема да застане тука и на наше барање со градежна компанија или Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе се отстранат објектите, а за тоа ќе им биде наплатено по пазарна цена. Тие мора да бидат свесни за целата оваа ситуација, нагласи тогаш Јанчев.
Фото: фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




