Мизо: компании од автомобилската индустрија ја скенираат Македонија!
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2013
Компании од автомобилската индустрија ја во следните две недели ке ја скенираат Македонија, вели Виктор Мизо во интервју за Алсат –М.
„Разговараме со неколку компании, односно неколку американски компании веќе длабински ја разгледуваат Македонија и ние сме една од две или три земји каде треба конечната одлука за инвестирање да се донесе. Во многу од овие случаи почетокот на функционирање на новиот производствен погон треба да биде почетокот на 2015 година. Што значи еден период од 15 до 18 месеци кој е потребен за изградба на фабриката укажува дека средината на гоиднава односно најдоцна до септемрви треба овие одлуки да се доенсат.Тука би споменал и неколку Европски компании како и компанија од Јапонија од каде во следните две до три недели имаме најавено неколку посети од највисоко ниво, пред се од автомобилската индустрија кои се занимаваат со произвдоство на електроника но и компанија за производство на обувки“ вели Мизо во интервјуто кое вечерва ќе биде емитувано. Освен за новите инвестиции Мизо зборува и за одливот на капиталот од земјава но, и за најатрактивната инвестиција деновиве, односно за контроверзниот бизнисмен Субрата Рој.