15 Јануари, 2025
0.0259

Мизо:Неколку компании се пред одлука за инвестирање во Македонија

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници на неколку меѓународни компании во наредните две до три недели ќе ја посетат Македонија на поконкретни разговори пред да донесат конечна одлука за инвестирање.

„До средината на март очекуваме поконкретни средби со компании кои се пред донесување одлука за инвестирање во Македонија. Станува збор за компании од автомобилската индустрија, електрониката, чевларската индустрија од Америка, Западна Европа,Турција и Јапонија“, изјави за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела ги претстави можностите за инвестирање пред бизнис секторот во Украина, која годинава е прва дестинација каде Владата прави економска презентација.

Директорот Мизо, кој беше дел од делегацијата, истакна дека можностите се претставени пред 200 компании, а интерес поконкретен пројавиле компании од областа на туризмот, експлоатација на минерални суровини, градежништвото, машинското производство, како и извозот на земјоделски производи.

Во делот на туризмот, покрај изградба на хотели, истакнато е и организирање групи од Украина во Македонија, што веќе работи една група, а се очекува да се раздвижи и најновата мерка за субвенции со што Македонија ќе стане поконкурентна дестинација за тамошните туроператори.

Покрај Киев, владината делегација ги посети и Дњепропетровск и Доњецк, кои се индустриски најразвиени региони во Украина. Меѓу најавените дестинации каде Владата ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија е Јужна Америка.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања