17 Декември, 2025
0.1135

Мизрахи: Културните клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ се можеби негирање на Холокаустот

Објавено во: Македонија 21 Август, 2022 21:56

Добивај вести на Viber

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, вели дека отворањето на културните клубови „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид значат и негирање на Холокаустот и, како пто вели таа, Меморијалниот центар на Евреите во Скопје.

- Повеќе од дегутантно е што „културен центар” со такво контроверзно име и воопшто се отвори во Битола. Настрана фактот што до ден-денес не е јасно кој и како дал одобрение за отворање на центарот. Дополнително на ова се појави и уште еден со името на монархофашист и нацист во Охрид – „културен центар”  Цар Борис Трети.  Во држава во која еден од темелите е антифашистичката борба на нејзиниот народ ваквите настани не се ништо освен чиста провокација и сериозна навреда. Овие провокации и обиди за извитоперувања на историските факти не претставуваат само ризик за националната историја на Македонија и нејзината Народноослободителна борба, туку се и показател дека може да има обид за негирање на холокаустот на Македонските Евреи, а постоењето на Меморијалниот центар во Скопје би се ставил под знак прашалник како непријателска пропаганда кон нашиот сосед.

Јас како пратеничка, но и како човек, секогаш ќе се залагам и борам против симболи и потсетници на фашизмот, без разлика на тоа каде се лоцирани и од кого. Логично е сите да го делат мојот став и мислење, и да стојат цврсто против оживување на фашизмот и злото кој истиот го претставува, вели пратеничката.

Мизрахи ова го вели како изјава на едно од прашањата во интервјуто за весникот Вечер и „Вечер.пресс“ за тоа „дали ако се утврди дека куќата во која е сместен бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ некогаш му припаѓала на еврејско семејство, како пратеничка со еврејско потекло лично ќе се заложите за негово дислоцирање?“

Можеби ќе ве интересира

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина