МЛАД СКОПЈАНЕЦ КРИЕЛ КОКАИН И МАРИХУАНА ВО ДРВЕН ПЛАКАР НА ПОКРОВЈЕ, под истрага поради пет грама кокаин и 25 грама марихуана
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 10:16
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Во дрвен плакар на поткровјето од зградата во која живее, осомничениот 21-годишен скопјанец неовластено за продажба држел наркотична дрога – кокаин и марихуана. При претресот на 4 јули, полициските службеници пронашле вкупно 4,79 грама кокаин и 25,01 грам марихуана, спакувани во повеќе помали пакувања наменети за препродажба. Кај осомничениот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотична дрога - пишува ОЈО во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори делото.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




