16 Јануари, 2025
0.0374

МЛАДЕНОВ – Две години без борецот за слободата на медиумите!

Објавено во: Македонија 27 Март, 2015

Добивај вести на Viber

„Колку чини слободата“ - Овие две реченици не потесетуваат и се позната мисла на една личност НИКОЛА МЛАДЕНОВ - човекот кој знаеше да внесе хумор и дозиран новинарски цинизам, кој ги засмеваше дури и неговите најлути непријатели.

Денес се навршуваат точно две години од прераната смрт на овој македoнски новинар, актер, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, којшто се смета за еден од најугледните новинари во Македонија, а заедно со своите колеги од весникот „Млад борец“ и за еден од основоположниците на плуралистичките правила во македонското новинарство.

Ни­ко­ла Мла­де­нов е ро­ден на 10 март 1964 го­ди­на во Скоп­је.

Младенов загина во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година. Несреќата, според извештаите на истрагата се случила во близина на клучката кај скопската населба Хиподром, каде што на последниот свиок пред влезот во Скопје, управувајќи со своето возило од марката Мерцедес-Бенц излетал од патот и по неколку превртувања загинал на местото на настанот.

Имено, тој се враќал од Велес кон Скопје и управувал сам со возилото, а неколку часа пред случувањето на несреќата телефонски разговрал со своите најблиски. Но, некаде по 22 часот веќе не можеле да се воспостават никакви повици со него и оттогаш му се изгубила секаква трага. Следното утро случајот бил пријавен во полиција од страна на неговата сопруга и по два часа истрага, полицијата го пронашла автомобилот со помош на сигналот што пристигнувал од мобилниот телефон на настраданиот.

Според некои сознанија, превртениот автомобил надвор од патот бил забележан уште за време на ноќта од страна на случаен минувач, којшто забележал дека од возилото доаѓаат слаби светла. По извршената обдукција, како причина за смртта се наведе внатрешно крварење коешто настанало откако настраданиот имал силен удар со градите во воланот.

Реакции со сочувство за смртта на Младенов беа упатени од страна на Здружението на новинари на Македонија, поединечно од неговите колеги-новинари, а сочувство до семејството на загинатиот било изразено и од страна на Амбасадата на САД во Македонија.

Прераното заминување на Младенов не е само голема загуба за неговото семејство и неговите пријатели, туку претставува огромна загуба и за сите македонски новинари. Изгубивме колега, кој остана верен на неговите читатели и критичен на секоја власт. Вакви новинари се ретки и затоа загубата е огромна. Никола беше и останува светла точка на македонското новинарство, од кого ќе можат да учат иднините генерации новинари.

Ироничните, духовитите и понекогаш саркастични опсервации на Никола, беа важен дел на неговата искрена проверка на општеството, што е толку важно за постоење на еден отворен и динамичен јавен дијалог. Тој глас многу ќе недостасува.

Не постојат зборови со кои може да се опише придонесот на Никола Младенов, великанот на македонското новинарство, великан и борец за слободата на медиумите.

Тој има многу антологиски изјави, меѓу нив длабоко во срце и денес не пече посебно оваа: „Се разбира дека ќе ја платам цената што ми е одредена како услов за мојата слобода. Прашање е, само, дали Македонија и натаму ќе може да ја плаќа цената на задоволување на суетите на моќниците, кои цели шест децении не дозволуваат таа да стане нешто повеќе од темен балкански вилает?“.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено