19 Декември, 2025
0.1109

Млади претприемачи ќе се натпреваруваат со бизнис план – наградата е 15.000 евра

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2014 10:35

Добивај вести на Viber

Четириесет млади претприемачи в сабота ќе се натпреваруваат за титулата најдобра студентска компанија во бизнис план натпреварот „Брилијантни млади претприемачи” (Brilliant Young Entrepreneurs). JA-YE Europe и Хјундаи Europe во партнерство со “Економско образование на млади менаџери” -Junior Achievement – Македонија и Кореа Ауто Трејд , како овластен дистрибутер на Хјундаи за Македонија, веќе втора година го спроведуваат овој проект кој ќе им помогне на младите од Македонија да ги претворат своите бизнис идеи во реалност и да освојат награда од 15.000 евра. Покрај паричната награда победничкиот тим ќе добие и консултантски услуги од страна на економски експерти. На претприемништвото најчесто се гледа како на едно од најважните решенија за невработеноста, сиромаштијата и нискиот економски раст. Младите се голем и значаен дел од популацијата, но нивниот претприемачки потенцијал е еден од  најнеискористените ресурси за креирање на нови работни места во Република Македонија. Со цел да се искористат нивните креативни и иновативни капацитети и да им се олесни пристапот до финансии, сметаме дека една ваква иницијатива е одлична можност за младите претприемачи да започнат сопствен бизнис и уште од рана возраст да создадат платформа за успешен бизнис, велат организторите на натпреварот. Тимовите ќе се претстават со бизнис планови од најразлични области: софтверска платформа за мали претпријатија; мобилна апликација за туристи; закажување услуги преку мобилен телефон; мултимедијален музичко- училиштен центар; сервис за перење алишта наменет за студенти; пакување и продажба на свежи салати; едукативни игри за деца; маркетинг агенција за мали претпријатија со користење на техниката “тропни на врата”; рекламни панели кои имаат интегриран дисплеј кој реагира на допир,  движење, контакт со очи и говорна команда; мобилна апликација за таблети и паметни телефони со која ќе се овозможи виртуелен 3Д приказ и презентација на производи со помош на технологијата на надополнета реалност; веб портал за самовработување, пракса и соработка помеѓу индивидуи, студенти и компании.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година