Младите ем невработени, ем не бараат работа: Кој си оди од Македонија?
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2018
Во Македонија е голем бројот на неактивни лица и
тоа е голем проблем. Oва укажува на голема апатија кај населението, особено кај
младите, велат за Фактор, просветни работници и експерти. Според нив, тие
гледаат подобра иднина надвор, недоволно се ангажираат и не сакаат да работат.
Ако се гледааат бројките од година во година бројот на неактивни граѓани варира.
Професорката по социологија, Татјана Филиповска од Гимназијата „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка вели дека ова е голема бројка на неактивни луѓе за мала земја како нашата.
„Огромна е бројката и тоа укажува на една општествена апатија. Овде трудот не се вреднува како што треба. Има голем дисбаланс меѓу цената на трудот и сопственоста. Јас гледам и меѓу учениците дека никој не сака да остане тука, да сака да се вработи за 200 евра. Не, секој сака да избега од овде. Луѓето се пресметуваат, и подобро им е да земаат социјална помош, отколку да работат за мала плата. Тоа е еден паразитски начин на живот, и тоа трае одамна“ – вели Филиповска.
Според податоците од Државниот завод за статистика, лани бројот на неактивни лица е намален во однос на претходната година. Во 2017 година 725.723 луѓе биле неактивни, во 2016 година тој број бил 730.290, во 2015 година имало721. 735 неактивни лица, а во 2014 во истата група биле 714. 497 лица. Ако се вратиме уште наназад низ годините, во 2013 година имало 716. 403 неактивни лица, а во 2012 година 726. 910 луѓе се ставени во групата неактивни.
Со години бројот на неактивни лица бил поголем од бројот на вработени и невработени, ако се земат в предвид одвоено, со исклучок на лани. Во 2017 година регистрирани се 740 648 вработени и 725 723 неактивни лица.
Неактивни се домаќинките и луѓето кои не бараат работа, а во меѓувреме живеат од приходите на некој друг член на семејството.
За споредба, во Европската Унија помеѓу 2006 и 2016 година, работната сила (на возраст од 15 до 74 години) се зголеми за 4,1%, додека бројот на економски неактивни лица е намален за 4,2% . Со други зборови, соодносот на работната сила се зголеми од 62,5% во 2006 година на 64,4% и како резултат на тоа, учеството на економски неактивните луѓе во населението падна на 35,6%. Oва може да се види од податоците на Еуростат.
Сања Атанасовска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.