22 Јануари, 2025
0.0374

Млекара Здравје Радово наскоро со нова Маза – со маслинка и пиперка

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

По официјалната промоција на новиот сегмент на производи во своето портфолио Млекара Здравје Радово, внесувајќи ја гамата намази Маза, најавува нов намаз со маслинка и пиперка. Иако не помина цел месец од промоција на новата произвоидна линија Маза и трите вкусови: млечен намаз, топено сирење и чоколадна Маза, од Млекара Здравје со најава за нов производ. Задоволни од реакцијата кај потрошувачите на новите производи, Млекара Здравје, го збогатува семејството Маза со нов вкус, кој се очекува наскоро да се најде во маркетите.

„Лансирајќи ги новите производи во сегментот намази, очекувавме дека ќе треба подолг период нашите верни потрошувачи да се запознаат и да ги прифатат сосема новите производи кои им ги донесовме на полиците. Конзументите досега не перцепираа како вистински избор за течна и цврста програма, но сакавме внимателно да ги запознаеме и со новата произвидна линија Маза. Изненадени сме колку брзо Мазите го најдоа својот пат до потрошувачите. Иако првично размислувавме со нови вкусови да излеземе на пазарот подоцна, поради одличните реакции на нашите верни  корисници за неполн месец стартуваме со нов вкус, Маза со маслинка и пиперка. Со дополнување и на овој вкус, сакаме внимателно да ги следиме барањата и навиките на нашите потрошувачи, но со иновативни и нови вкусови да им создаваме млечни деликатеси кои се здрави и хранливи“, изјави Јован Дабевски, генерален менаџер на Млекара Здравје Радово.

Покрај новите производи во најава, Млекара Здравје Радово е особено задоволна што за првпат во нашата земја го претстави и чоколадниот намаз кој претставува сосема нова категорија на производ. Производ кој е единствен од ваков тип во Република Македонија и претставува млечен намаз со висока нутритивна вредност, богат со калциум, но што е најважно и вкусен за најмалите потрошувачи. Чоколадната Маза е направена со оригинално италијанско чоколадо, по целосно данска технолигија. Идеален е за деца кои од разни причини одбиваат да конзумираат млечни производи, кои се исклучително важни за нивниот раст и развој. Чоколадната Маза како нов, специфичен и иновативен производ брзо го најде патот до најмалите и најмили потрошувачи и многу брзо стана вистински избор за високо квалитетен млечен производ, велат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД