ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто
Објавено во: Економија 16 Април, 2024
Нашата земја годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд(ММФ).
За наредната годна се предвидува раст на БДП од 3,7 отсто, а во 2026 година 3,5 отсто. За инфлацијата, како што стои во анализата на ММФ, потрошувачките цени годинава ќе се зголемат за 4 отсто, а во наредните две години ќе дојде до нивно натамошно намалување, прво на 2,5 отст во 2025 година а потоа на два отсто. Лани растот на БДП беше само еден отсто, а инфлацијата изнесуваше 9,4 отсто.
foto freepik.com