16 Декември, 2025
0.0499

Многу фирми не ги подмириле даночните обврски - УЈП најави казни

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2025 16:56

Добивај вести на Viber

Oд Управата за јавни приходи(УЈП) соопштуваат дека заклучно со 27 октомври 2025 година, истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за третиот квартал од 2025 година.

Од УЈП информираат дека дел од даночните обврзници сè уште не ги исполниле своите обврски, и покрај повеќекратните потсетувања и известувања од институцијата.

„Според нашата евиденција, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг“,  велат од УЈП.

Додаваат дека редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, и потсетуваат дека системот функционира само кога сите учесници постапуваат навремено.

„До сите даночни обврзници кои имаат пријавен, а ненаплатен долг, веќе се доставени персонализирани известувања. Во тек се активности со сметководителите и обврзниците за навремено подмирување на долговите и избегнување на блокади на сметки“, појаснија од институцијата.

Од УЈП нагласуваат дека за секој ден на задоцнување се пресметува камата од 0,03 отсто од преостанатиот долг, а постои и можност за изрекување дополнителни глоби.

„Важно е да се почитуваат роковите, бидејќи по доставата на опомените ќе следи постапка за присилна наплата кај сите што нема да го платат долгот доброволно“, потенцираат од Управата.

Институцијата апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, за да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици.

За дополнителни информации, граѓаните и фирмите можат да се обратат преку е-пошта на info@ujp.gov.mk или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен).

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи