29 Јуни, 2024
0.0296

МНОГУМИНА МУ ПРЕДВИДУВАА „МЕТЛА“: Заслужи ли Дураки вицепремиерска фотелја?

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот кој според многумина треба да добие „метла“ од Владата на Заев доби уште една функција.

Садула Дураки кој од министерството за животна средина е прекомандуван и аместен за нов министер за политички систем и односи меѓу заедниците стана вицепремиер.

Ова станува јасно од синоќешната владина одлука согласно која Дураки е назначен за вицепремиер.

Овој функционер јавноста немаше можност често да го слушне на прес конференции како министер за животна средина. Остана запаметен по неумесната изјава дека граѓаните не го интересираат а не направи ништо ни за да се намали загаденоста на ниво на државата.

За многумина тој не заслужи ниту една функција бидејќи не направил ништо корисно и во полза на граѓаните а експертите со сигурност тврдеа дека за Дураки после се што се случи не треба да има место во владата на Заев.

„Дураки за својата неработа како министер за животна средина требаше да биде разрешен, а не прекомандуван. И ако „метлата“ имаше барем малку суштина, нему веќе му немаше место во владата. И тој, според владиниот сајт за климатските промени е „климатски лидер“, како и Заев, а при тоа, за овие две години, дали двапати или трипати се појави во јавноста. Неговиот заменик министер беше далеку поактивен, ситуација која би била смешна, да не беше трагична.

Човек кој е учен да ниша врата и да крка плата не се менува кога ќе го промени работното место. Па дека Дураки нешто посебно ќе се прекрши од работа во новото министерство – тешко“, истакна докторот по политички науки Здравко Савески во интервју за Фактор неодамна.

Роден на 21 јануари 1960 во Липково, Кумановско, македонски политичар од албанска етничка припадност минатата година ја зовре јавноста со една неумесна изјава дека не го интересираат граѓаните а сега се поставува прашањето со колкаво богатство располага Садула Дураки .

Тој во имотниот лист пријавил земјоделско земјиште, стан, две моторни возила и девизна книшка.

Сепак, од се она што е наведено погоре, министерот на негово лично име има само моторно возило Ауди А4 1.9 2003/2003 проценето на 370.000 денари и девизна книшка на која има 21 000 долари.

Повеќе за богатството на Дураки читајте тука.


Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ