27 Ноември, 2024
0.0588

МНР: Вчера 20 наши државјани го напуштија Израел, додека бројката на пријавени граѓани кои сакаат да заминат надмина 100

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Oд Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека безбедносната состојба во Израел, сѐ уште останува сложена. Состојбата во и околу Тел Авив, како и поголемите градови во Израел и делот на Западниот брег иако без воени операции останува напната. Меѓународниот аеродром во Тел Авив е во целосна функција и од таму сѐ уште оперираат редовните комерцијални летови, како и посебните чартер летови; но бројни авио компании низ светот во најголем дел ги одложија редовните линии со што редовниот авио превоз е отежнат. 

„Преку различните транспортни канали, во текот на вчерашниот ден 20 наши државјани го напуштија Израел, додека бројката на пријавени граѓани кои сакаат да заминат надмина 100. Во овој момент поголемиот дел од овие граѓани се наоѓаат на локации кои се сметаат за безбедни, а околу дваесетмина од нив, веќе имаат обезбедено билети за некои од комерцијалните редовни или чартер летови кои се на располагање. Неколку граѓани, во рамките на нашите контакт точки се пријавиле дека се наоѓаат во деловите на земјата кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни; нашата амбасада во Тел Авив, како и контакт центарот во Скопје е во постојан контакт со нив и активно се работи за да се обезбеди нивен трансфер на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Министерството за надворешни работи изготви детална анализа и проекција на сите можности кои ќе ги презентира пред Владата, која потоа ќе одлучува за натамошните чекори кои ќе бидат преземени. Како што претходно објавивме, според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, од кои преку половината се прецизно мапирани и редовно се одржува контакт со нив. За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.  Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx Уште еднаш ги повикуваме нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје“, велат од МНР. 

Се водат жестоки борби меѓу Хамас и вооружените сили на Израел. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција