17 Декември, 2025
0.0592

Могерини: Нема повеќе изговори за ЕУ по трагедијата во Средоземното Море

Објавено во: Свет 20 Април, 2015 13:27

Добивај вести на Viber

Шефот за надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини изјави дека „нема повеќе изговори“ за неактивноста на Унијата по последната трагедија со имигранти во Средоземното Море и побара „итна акција“.

„Во врска со последната трагедија ... немаме право повеќе на извинување, ЕУ нема право на изговори, земјите членки немаат право на изговори“, изјавила Могерини пред почетокот на вонредната средба на надворешни и внатрешни работи на земјите членки во Луксембург во врска со инцидентот .

„Имаме потреба од итна акција од ЕУ и земјите членки“, изјавила таа по пристигнувањето на состанокот во врска со потонатиот брод со околу 700 имигранти во Средоземното Море.

Според неа, откако исламистичките напади во Париз во јануари доведоа до единствен одговор, така и овој инцидент треба да доведе до формирање на заедничка имиграциска политика. Според неа, ЕУ треба да преземе одговорност за она што се случува.

Во меѓувреме, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека лидерката на Германија е „загрозена“ од она што се случи вчера и истакна дека Европа има потреба од „одговори“.

Од средината на минатата недела се спасени околу 11 илјади имигранти, а вкупно минатата година пристигнале 170 илјади во Италија.

Денес министрите за надворешни работи ќе разговараат за ситуацијата во Либија и имигрантите, кои минуваат низ Медитеранот, за да дојдат до Јужна Европа.

Претходно „Ројтерс“ објави документ на ЕУ, според кој Брисел ја разгледува можноста за испраќање воени бродови до Либија со цел запирање за сообраќајот на нафта и оружје.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави