17 Декември, 2025
0.0619

МОЈ МОЈ, ПРЕКУ ... ДА КАЖЕМЕ ОДЛУЧНО НЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - статусот на Бени Шаќири еден од најсподелуваните на фејсбук

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2022 06:53

Добивај вести на Viber

Еден од најсподелуваните статуси на социјалната мрежа фејсбук во земјава е оној на Арбен Шаќири, стар скопјанец, пејач, кандидат за градоначалник на Скопје, за францускиот предлог.
Го пренесуваме во целост.
МОЈ МОЈ ПРЕКУ МОЈ!!!

Роден сум во Скопје и цел свој живот сум тука. Милион можности да си заминам, но никогаш не го направив тој чекор. Го сакам мојот град, ама си ја сакам и мојата земја!

Како карактер, тежок сум на компромиси, НО свесен дека во животот само идиот тера бескомпромисно! Сепак, и кога правиш компромис тој треба да е за доброто и во интерeс на двете страни, а никако на сопствена штета. Она што го гледам во последно време е дека од нас, како граѓани, се бара да направиме компромис на своја штета за евентуално тие (читај ЕУ) со компромис да не бутнат на „сила“ во нивно друштво ама за едно 25-40 години, евентуално!

Другари, да, Вам од владата Ви се обраќам! ДОСТА Е!

МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека треба конечно да кажеме одлучно НЕ на Францускиот предлог, за кој, рака на срце не ни знаеме што точно содржи, (пошто нели се уште никој звнично не го примил) но знаеме, според изјавите на бугарските званичници, дека македонскиот јазик „не постои„, туку тој бил само кодифициран дијалект на бугарскиот???!!! Пази молим те, јас 53 години сум живеел у заблуда дека одлично го владеам македонскиот јазик, а он да ти бил само дијалект и тоа најдиректно ми го посочуваат високи званичници на држава за која имам особена почит и со огромно задоволство сум престојувал во истата!

НЕ, НЕ, не иде тоа така другари! Ние си имаме свој јазик, свое писмо, признати и кодифицирани пред многу години, така да, околу тоа, компромисот е недозволив! Уште колку небулози треба да набројам за да разберете дека не малтретираат, злоставуваат само заради тоа што им се може? Дека сме далеку помала земја од нив?! Баш напротив, како поголеми од нас треба да покажат доблест и да дадат поддршка за сите наши иницијативи врзани за ЕУ, а вака....??!!

И да, јас, како етнички Албанец и граѓанин на оваа земја, слободоумен, но не и малоумен, не сакам и не можам да прифатам мајтапење со моите сограѓани, пријатели, комшии МАКЕДОНЦИ, кои добро знаат кои се и што се!

Се разбира дека жртви на тој понижувачки однос сме сите подеднакво како граѓани на Република Македонија, а да перверзијата биде поголема, жртва се и граѓаните на Република Албанија, само затоа што на одредени политички фигури од Бугарија така им се може!!!

Не грижете се, не сум на ничиј платен список, имам право на глас, мислење, став а фала Богу и малку памет! Искрено, се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе имаат слух и доволно мудрост да кажат СТОП за садистичкиот однос кој бугарската политичка врхушка го спроведува кон сите граѓани на Р. Македонија, подеднакво!!!

Граѓаните на оваа земја, имаат право да бидат во големото ЕУ семејство затоа што друга алтернатива не постои за нас, но НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

Пошто сум од Скопје, ќе ви кажам и на скопски за да ме разберете: МОЈ МОЈ ПРЕКУ МОЈ!

Можеби ќе ве интересира

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет