Моќта на авторитетот
Објавено во: Анализа 12 Февруари, 2013 09:06
Ќе продолжиме со уште еден повесел ескперимент. Висок човек, кој добро изгледа облечен во скапо одело и чевли чека на семафор, но семафорот покажува црвено. Човекот одденаш тргнува на црвено светло и голем дел од луѓето кои чекаат со него тргнуваат да го следат. Од друга страна на некоја друга раскрница друг човек, е облечен во обична облека и не е премногу уреден. И тука семафорот покажува црвено и тука човекот тргнува да помине....но него не го следи никој. Зошто?
Облеката е еден од симболите на авторитетот. Таа симболизира моќ и тоа е една од главните причини поради кои луѓето имаат тенденција повеќе да обрнуваат внимание на убаво облечени луѓе. Доколку добро облечените луѓе и убаво изледаат шансите да го почитувате таквиот авторитет нагло се зголемуваат.
Но една од главните алатки за наметнување на авторитетот се титулите. Проф-Др, Мр, примариус...........и што ли уште не. Правени се ескперименти во кои се следи реакцијата на луѓе кога запознаваат други луѓе кои ќе се претстават само по име и кога ќе се претстават со нивните титули. Резултатите покажале дека односот кон луѓето кои имаат титула е многу поразличен. Се внимава што ќе се каже, како ќе се каже, соговорниците се плашат да не излезат глупави и сл. Од друга страна, други луѓе кои седат со истиот човек (кој овој пат не си ја кажува титулата) се однесуваат комплетно различно и лежерно.
Типичен пример за слепо почитување на авторитет се докторите. Дали некогаш сте се посоменевале за тоа што докторот ќе ви каже. Веројатно еднаш или ниеднаш. Процентот на следење на советите на лекарите е неверојатно голем и веројатно токму поради тоа голем број на компании се во коруптивна спрега со доктори кои треба да препишуваат нивни лекови. Едноставно нема кој да се спротистави на нивниот авторитет.
Нормално автомобилите и различните додатоци кои ги прават луѓето да изледаат побогати, воедно ги прават да изгледаат и поавторитативни и затоа можат полесно да добијат ДА како одоговор, споредено со другите луѓе.
Идејата на овој текст не е да ги руши авторитетите, целта е секогаш кога се соочуваме со некаков тип да авторитет да се запрашаме:
Колку е овој авторитет вистински експерт и авторитет?
Дали треба да се верува на лекарите кои препорачуваат пасти за заби, или дека некој си производ е одобрен од некаква си федерација која треба да ни се претстави како авторитет. Дали луѓето кои го следеле на семафор човекот кој носел добро одело направиле паметна работа и се запрашале зошто да поминувам по него на црвено.
Па дури и да се покаже дека некој е кредибилен , запраште се зошто го прави ова што го прави?
Дали навистина лекот кој е три пати поскап е подобар, дали телевизорот кој ви го препорачуваат вреди за таа доплата која треба да ја направите, дали лед сијалиците навистина се толку подобри или само плаќате скапо за нешто што осветлува помалку.
Бидете скептични, некогаш се исплати.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





