27 Ноември, 2024
0.0421

Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора: ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН

Објавено во: Економија 15 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Нефункционирањето на правната држава, непочитување на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес ја носат државата кон економски пропаст. Овој заклучок на бизнис секторот е наведен во Декларацијата за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки што ја донесе Стопанската комора на Северна Македонија по повод својата стогодишнина. Во неа бизнисот бара враќање од „партиската“ кон „државната агенда“, зашто како што стои во Декларацијата, ваквата ситуација е неодржлива и на долг рок води кон економска пропаст на земјата.

Од Стопанската комора велат дека Декларацијата е водич за успешна и одржлива економска реформа во која се бара економската политика да се стави над сите партиски приоритети. Ставовите кои се наведени во неа веќе се потпишани од над 300 најзначајни компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации. На ред се политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ е првата парламентарна партија што ја потпиша Декларацијата минатиот месец.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.

„Ние гледајќи ги сите работи, тргнувајќи од тоа дека создаваме пари од кои секој троши и се расфрла во оваа држава, решивме минатата година, на 100 годишнината наместо прослави да седнеме и да видими што е тоа што треба да го направиме. И нормално, донесовме една Декларација за која сите луѓе рекоа дека е визионерски документ во кој клучна точка е менувањето на менталитетот. Ова е направено така што секој збор има своја тежина и вистина. Време е да ги дефинираме приципите на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети, академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата“, вели Азески.

Стопанската комора во Декларацијата потсетува дека македонската економија остварува разочарувачки бавен раст.Од 1992 година наваму има реален раст на БДП од 1.7 отсто просечно годишно. Учеството на јавниот долг во БДП се зголеми од 23 отсто во 2008 година на 57,9 отсто на крајот на јуни 2023 година. Маневарскиот простор за нови задолжувања се стесни и земјата се соочува со ризикот да стане презадолжена доколку трендот на задолжување продолжи.

Македонија не успеа да го реформира својот образовен систем и не продуцира кадри со знаења и вештини што ги бара пазарот и новото време. Во текот на три децении Македонија не успеа да го заокружи квалитетното инфраструктурно поврзување, ниту во земјата ниту со соседните земји. Поради отсуство на конзистентен пристап земјата остана високо зависна од увоз на енергенси, а со тоа и подложна на силни ценовни удари без обезбедена алтернатива.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи