17 Декември, 2025
0.0442

МОЛК ОД ВЛАДАТА за тврдењата на командант Хоџa: Зошто Шакири се криеше од претходната власт?

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2018 07:40

Добивај вести на Viber

Владата се уште не се изјаснува по тврдењата на Џезаир Шакири, познат во јавноста како командант Хоџа.

Тој вчера ја збуни јавноста со фејсбук статус преку кој тврди дека е вработен во Владата на РМ, односно добил позиција на советник за безбедност на премиерот Зоран Заев .

Хоџа тврди дека со првиот човек на владата имал  договор, да го ослободи Танушевци а за возврат да добие функција, близу до премиерот, како гаранција за неговата безбедност.

Меѓуостанатото Шакири пишува дека добил фунцкија од власта за да преживе.

Командант Хоџа се врати во Скопје, 10 години живеел како „Качак“

Лани во август медиумите на албански јазик пишуваа дека Џезаир Шакири се вратил во и се сместил во својот дом со семејството. Тој тогаш на социјалните мрежи пишуваше дека 10 години во 21-век живеел како „Качак“, принуден да бега поради потерница од својот крај со неправди на претходниот режим на власт. Сега, смета дека може да биде исполнета правдата кон него бидејќи во Македонија има нова власт, а од премиерот како што рече тогаш очекува еднаков третман за сите.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, а потоа често влегуваше во отворени политички судири со раководството на ДУИ.

Кулминација за Шакири на македонската политичка сцена беа тврдењата дека припадник на Агенцијата за разузнавање која е под надлежност на претседателот Иванов имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановско Диво Насеље за што сега се води судски процес за тероризам. 

– Имам докази дека пред два и пол месеци, Ш.М., агент во Агенцијата за државна безбедност, што е под команда на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, имал средба со две лица чиишто имиња се спомнуваат, не само Соколи. Два и пол часа. Таа средба е снимена од збор до збор – рече Џезаир Шаќири во изјава за косовски медиум.

Тој го посочи Ахмети како еден од главните виновници за целиот случај. 

– Верувам дека и на Али не му останало друго, мора да излезе од Влада, но пред тоа ќе ти се обратам лично тебе Али Ахмети. Знаеш до сега баравме од тебе да излезеш од Влада, но немој да грешиш и да излезеш додека не го ослободиш нашиот брат командант Соколи, пошто јас лично ќе дадам наредба да те пратат како зајак додека да те фатиме! Нема да ти простиме што го намести во Куманово командант Соколи. Ти давам Беса дека нема да ти биде лесно да се извлечиш од ова зло што го направи – изјави Џезаир Шаќири пред две години за лидерот на ДУИ.

Јавноста денеска очекува Владата да го објасни ангажманот на Хоџа.

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6