Молкот продолжува, а од секаде тече
Објавено во: Економија, Колумни 08 Февруари, 2016 09:21
- Наместо да се изгради долгорочна социјална политика која ќе зависи од развојот и ќе биде во негова функција, се водеше невидена дневна и изборно насочена популистичка политика, поради што се разнебити пазарниот стопански систем.
- Дури откако се приврши изградбата, јавноста разбра дека се изведува проект наречен Скопје 2014 во кој се вложија над 600 милиони евра, наспроти потребите за продуктивни капитални инвестиции.
- Ја намалуваа невработеноста, и наместо во производниот сектор, завршија со удвојување на државната администрација каде се вработуваше исклучително партиски кадар.
- Ново „откритие“ е поттикнувањето на вработувањето со ослободување од плаќање на персоналниот данок и придонесите од бруто плата, а притоа направија ‘ршум со пензискиот систем, така што сега и старите и ново вработените ќе стравуваат за своите пензии .
- Порано ќе се видеше дека е залудно да се очекува динамизирање на развојот главно преку привлекување на странски инвеститори. Во поддршката на таквата стратегија се направија и невидени антипазарни интервенции со кои на домашниот бизнис му се создаде нелојална конкуренција.
- Дури и замолчените бизнисмени со задоцнување од една деценија , побараа да им се изедначат условите за стопанисување со странските инвеститори. Но, немаа сила да се спротивстават на бессмислениот предлог дека условите на странците се однесуваат и за нив ако работат во ТИРЗ-овите. А да не зборуваме дека тоа е апсурд за пазарно ориентирана економија.
- Ќе се покренеше и прашањето за тоа што се стори со, во наши услови, огромните износи буџетски пари, кога со речиси дупло помал буџет (2006-2007 год.) се остваруваа дупло повисоки стапки на раст.
- Ќе мораше да се даде и поверодостоен одговор на информациите за нерегуларно одлевање на околу 500 милиони евра годишно во изминатата декада, отколку немуштиот одговор на гувернерот дека такви пари не поминале низ банкарскиот систем што тој го контролира.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





