МОНИКА ЗАЈКОВА ПОВИКА НА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ - пратеничката од ЛДП вели дека нашите сограѓани треба да ги имаат истите права
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2022 16:02
Пратеничката од Либерал демократскта партија во Собранието Моника Зајкова ги повика пратениците да го стават ден законот за регулирање на назнаките за трансродовите лица, но и за давањ исти права на оние што живеат во истополови партнерства.
„Ќе ги повикам моите колеги во Собранието да се одважат, да го ставиме на дневен ред Законот за матична евиденција со којшто ќе ги регулираме назнаките на трансродовите лица. Но, и да одиме чекор понатаму и да размислуваме за давање исти права и на оние коишто живеат во истополови партнерства, рече пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова за време на Парадата на гордоста што по третпат се одржа во Скопје.

Според Зајкова ова не е само протест за дискриминацијата и стигмата туку порака да ги разбуди сите за да разберат дека ЛГБТ заедницата има право на јавниот простор како и сите луѓе. Како Влада направиле чекор напред со Законот за спречување и заштита од дискриминација и формиравме независна комисија но потребни се уште залагања. Таа додаде дека животот не го гледа меѓу четири ѕида туку секој отворено да шета со својата партнерка или партнер како и сите останати.
- Тука сме за сите наши блиски и далечни, за сите наши познати и непознати, коишто биле избркани од дома зашто се геј, коишто биле избркани од работа зашто се ‘транс’, и коишто физички и психички се малтретирани, зашто не влегуваат во тесните рамки на она што некој го нарекува нормално. Сепак на крајот од денот сите ние сме луѓе и плаќаме еднакво даноци, имаме еднакви обврски, ред е и да уживаме еднакви права“, рече Ева Цветковска од Универзитетското студентско собрание.
Годинашниот собир се одржа под мотото „Излези за љубов, достоинство, еднаквост, правда“, а учествуваа неколку илјади припадници на ЛГБТИ заедницата и бројни нивни поддржувачи.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




