16 Декември, 2025
0.0350

МОРБИЛИТЕ СЕ НАЈЗАРАЗНИОТ ВИРУС НА ПЛАНЕТАТА: Д-р Даниловски предупредува - за епидемија е потребен само еден единствен случај

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023 11:49

Добивај вести на Viber

Професорот Драган Даниловски повторно апелира на поголем опфат на вакцинација против морбили, бидејќи како што посочува во неговата последна објава на ФБ, станува збор за најзаразниот вирус на планетата и дека за избувнување епидемија е потребен само еден единствен случај. „Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти“, нагласува епидемиологот.

-И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам.

Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра.  За да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18). Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење!

Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“?

Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“.

Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години.

Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“.

Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции.

Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење