Мотивацијата на терористите - идеолошка или финансиска?
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Тероризмот одамна се претвори во бизнис.
Тој е составен од различни категории, а една од нив е финансискиот дел.
За нападот во Ница, медиумите пишуваат дека станува збор за 100.000 долари.
„Има категории кои се идеолошки - луѓето во џамијата, во затвор. Има и такви кои се радикализирани од интернет. Но, има и други кои чисто финансиски се излажани, па стануваат дел од „Исламска држава“ - коментира професорот Владимир Чекани.
Тој направи паралела помеѓу нападите во Ница и во Берлин - и во двата случаи камион удри во толпата.
„Нападите се слични - инструментот, целната група, дури самиот сторител - и двајцата Тунижани. Тоа се луѓе кои биле заведени од „Исламска држава ". Во името на семејството, Тунижанецот од францускиот напад прифатил огромна сума. Најверојатно за трагедијата во Берлин ќе излезе истата приказна, бидејќи сфатиле дека атентаторот е пратил огромна сума на своите роднини - неговиот внук добил пари за да може да отиде кај Амри. Веројатно станува збор за клетка од Тунижани, која е специјализирана за возачки вештини“- претпостави професорот.
Според експертот терористите во изминатата година станаа „повеќе професионални".