МОЖЕЛО И ЗА ДЕСЕТ ДЕНА - откако јавноста ги искритикува, Градски Гробишта Бутел итно ги реновираше тоалетите
Објавено во: Македонија 23 Август, 2022 12:19
По критиките кои ги доживеаја од јавноста, за состојбата на нивната санитарна мрежа, акционерското друштво Градски Гробишта Бутел ги санирало тоалетите.
Критиката на социјалната мрежа ги објави Анета Пешева, претседателка на Управниот одбор на МАСИТ.

Но, таа деновиве добила покана од тоа претпријатие, дса ги посети санитарните објекти и да се увери лично дека се реновирани.
„Денес на покана од Управата на Градските Гробишта Бутел отидов да ги посетам тоалетите, за кои пишував пред десетина дена.
Навистина бев изненадена од состојбата која навистина за многу кратко време е променета. Тоалетите се санирани, ставени се плочки, корпи за отпадоци, вода е пуштена, се беше чисто. На фотографиите можете да ја видите разликата.
Граѓанските иницијативи понекогаш може да се спроведат ако другата страна има слух за критика, ја признава и сака да ја промени состојбата на подобро.

Во Македонија многу работи ни недостасуваат, но да пробаме да ги промениме основните работи за кои не ни треба ниту многу пари ниту странски експерти.
Да почнеме со санација на јавните тоалети во институциите , училиштата, а и во приватните објекти каде е потребно“, напиша Пешева на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографии од реновираните тоалети.
Инаку, претпријатието Градски Гробишта Бутил е формирано од страна на Собрание на град Скопје во 1952 година како “Управа за погреб и гробишта“. 25 години подоцна се преименува во “Комунална работна организација“. Во 1991 година, според позитивните законски прописи се трансформира во БУТЕЛ акционерско друштво за погребни и придружни активности – Скопје.Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




