Можен е ТВ-дуел помеѓу Мицкоски и Заев
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 08:42
Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го повика премиерот на Македонија, Зоран Заев, на ТВ-дуел, одлука што ја донел на седница на Централниот комитет на партијата што ја води.
„Како човек како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана - го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“, вели Мицкоски.
Во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та, па ниту за време на техничката влада до 2017-та немаше ТВ-дуел помеѓу премиери и лидери на опозицијата, ниту пред парламентарните избори, најмногу благодарение на тоа што Никола Груевски и Емил Димитриев одбегнуваа такви соочувања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




