24 Јануари, 2025
0.0277

Можност за животно осигурување и вложување со Винер Лајф и КД Фондови

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Винер животно осигурување и КД Фондови потпишаа меморандум за соработка. Целта на оваа соработка е да се понудат комбинирани пакети од осигурителни, штедни и вложувачки производи, што ќе им овозможат на осигурениците поголема понуда и опции при избор на животно осигурување. „Меморандумот со кој се официјализира нашата претходна соработка ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни. Приоритетно, излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните со создавање на нови погодности за животно осигурување и штедење во вложувачки производи во исто време. Дополнително, со овој чекор се очекува да се поттикне успешен и одржлив развој на небанкарскиот финансиски сектор во Република Македонија“, изјавија од Винер Лајф Виена Иншуренс Груп Скопје. И двете компании, Друштвото за животно осигурување Винер Лајф - Виена Иншуренс Груп Скопје и Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, се дел од реномирани финансиски групации што гарантира успешност на соработката и квалитет на производите. „Со овој меморандум на осигурениците и вложувачите им помагаме при оплодувањето на средствата додека ги користат и бенефитите на животното осигурување. Со помош на знаењето, искуството и традицијата ја правдаме укажаната доверба и градиме долгорочен однос со клиентите и партнерите, со цел обезбедување долгорочно присуство на пазарот“, изјавија од КД Фондови. Заедничкото меѓународно искуство на двете компании, ги следи најдобрите групациски, европски и светски трендови во областите на осигурувањето и управувањето со средства. Сето тоа ќе ги подигне професионалните стандарди при посредувањето со финансиски производи и овде во Македонија. Виена Иншуренс Груп (ВИГ) е една од најголемите меѓународни осигурителни групации во Централна и Источна Европа, раководи со околу 50 осигурителни компании во 25 земји и има приближно 23 000 вработени. Групацијата KD Group спаѓа меѓу најголемите бизнис групации во Словенија и се развива во една од поголемите групации на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, а нејзините основни дејности се во финансиската сфера, односно управувањето со фондови и осигурувањето. Седум години по ред во периодот 2008-2014 година се добитници на признанието Trusted Brand во категоријата „Друштва за управување и инвестициски фондови“. Признанието го доделува списанието „Reader’s digest“ врз основа на оценките од потрошувачите, согласно критериумите квалитет на производот и лично искуство на клиентот.

Можеби ќе ве интересира

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди