„Mr.Bricolage“ оди во рацете на Британци?
Објавено во: Анализа 04 Април, 2014 09:43
Главниот извршен директор на Mr.Bricolage Жан- Франсоа Буше пред новинарите изјави дека според податоците од 2012 година пазарниот удел на неговата компанија во Франција бил 11,3 % , а на Kingfisher - околу 34 % . Group Adeo држат 35 проценти од пазарот во Франција преку своите продавници Leroy Merlin .
Kingfisher , која го оценува значително скромно пазарниот удел во Франција, соопшти дека е влезена во ексклузивни преговори со главните инвеститори во Mr. Bricolage . Компанијата нуди да ги откупи нивните удели по цена од 15 евра по акција . Ако зделката се оствари , компанијата ќе им понуди да ги откупи и партициите на малцинските акционери по истата цена - 15 евра за акција .
Договорот би и дозволил на британската компанија освен да се прошири, да понуди и платформа за меѓународена франшиза. Mr. Bricolage поседува 81 продавница и уште 435 франшиза продавници, вклучувајќи и неколку надвор од Европа. Франшиза продавниците на синџирот ќе и обезбедат добар старт на британската група на нови пазари, вклучувајќи ги и Белгија и Бугарија, посочуваат аналитичарите.
Евентуалната зделка би ги зајакнала и стравувањата за конкуренцијата, но Kingfisher и Mr. Bricolage очекуваат француските власти да го разгледаат прашањето за концентрацијата на регионално, а не на национално ниво.
Продавниците Castorama и Brico Depot се големи и распоредени надвор од градовите, додека објектите на Mr Bricolage се помали по површина и обично се наоѓаат на прометните места во урбаните средини, нагласува извршниот директор на Kingfisher Иан Чешир. Ова сигурно ќе го збогати бизнисот на синџирот, коментира тој.
Kingfisher поседува 1 124 продавници во Европа и Азија, но 50 отсто од годишниот профит на компанијата се формира благодарение на нејзиниот бизнис во Франција. По објавувањето на информацијата за евентуално проголтување на Mr Bricolage акциите на британската група поскапеа и во моментов се проценува на над 10,5 милијарди фунти.
Истовремено, трговијата со акции на Mr. Bricolage беше запрена и се очекува да биде возобновена денеска. Пазарната проценка на синџирот е 136 милиони евра.
Ако се дојде до договор, тоа ќе е наредното разместување во секторот во Европа, откако германскиот синџир Praktiker банкротира, а нејзините продавници беа купени од "Видеолукс Холдинг", додека австрискиот синџир Baumax доживува се поголем тешкотии.
Во Македонија Mr. Bricolage влезе во март 2012-та година со отварањето на првиот џипермаркет во трговско-деловниот центар на Скопски пазар а.д, лоциран на местото на стариот Кванташки пазар на улицата „Перо Наков“ во Скопје. На површина од 3.000 метри квадратни нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам“ производи за домаќинство, градежништво и хортикултура.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





