Му го каменувале автомобилот и го тепале
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018 14:20
А.Е.(27) од Скопје вчера пријавил дека истиот ден околу 11,20 часот на крстосницата на ул. „Индира Ганди“ со ул. „Гвадалахара“ во Скопје во моментот кога застанал со своето возило „Цитроен“, во кое бил со семејството и нивен роднината Н.Д. (26), неколку лица почнале со камења да фрлаат кон возилото и го искршиле предното ветробранско стакло и стаклото на предната лева врата.
Напаѓачите го извадиле А.Е. од возилото и физички го нападнале. Во еден момент А.Е. успеал да им побегне, се качил во возилото и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




