Мукаетов награден во Париз, за синергично делување во рамки на Југоисточна Европа
Објавено во: Мои пари 29 Април, 2014 13:33
Церемонијата на отворањето на фестивалот „ЈИЕ во Париз“ започна со омаж на црногорскиот режисер Живко Николиќ (1941-2001). Големиот француски поет Марк Делуз ја доби фестивалската награда „Еуропа Прима“ а актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, кој има остварено многу успешни улоги во разни култни филмски и театарски претстави, ја доби наградата „ЈИЕ Актер“.
Наградата „ЈИЕ Личност 2014“ на Мукаетов му ја врачи Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“, г. Јордан Плевнеш, кој воедно е и основач и Претседател на советот на фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа "ЈИЕ во Париз". Досегашни добитници на ова признание се г. Бранислав Мичуновиќ, министер за култура на Црна Гора и актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски.
Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа „ЈИЕ во Париз“,изминативе три години ги воспостави разрушените мостови помеѓу земјите на Југоисточна Европа и оствари исклучително ехо на интернационален план, како реафирмација на цивилизацискиот простор, што ги обединува културите на сите народи од овој дел на Европа.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




