Музејот на град Скопје и Универзитетот Американ колеџ со изложба на архитектура и дизајн
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2016
Во Музејот на град Скопје, беше промовирана студентската изложба на архитектура и дизајн, која ќе биде отворена веднаш по официјалното затворање на овогодинешното Биеанале на архитектура во Музејот на град Скопје.
Студентската изложба која е дел од соработката на Музејот на град Скопје со универзитетите во Република Македонија ќе ја промовира студентската креативност и постигањата на младите уметници, но во исто време ќе промовира и општествена одговорност и социјална кохезија со посети и работилници за најмладите и највозрасните во нашиот град.
На промоцијата на проектот зборуваа директорот на Музејот на град Скопје д-р Љубен Тевдовски и деканот на Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ, проф.Мишко Ралев и проф. Тони Васиќ.Деканот Ралев се заблагодари на одличната соработка со Музејот на овој проект, како и соработката во организирањето на значајни проекти за промоција на историјата на архитектурата и урбаното живеење во главниот град.
Директорот Тевдовски нагласи дека стратешката соработка на музејот со високообразовните институции донела нов квалитет и разновидност на културната понуда, а Универзитетот Американ Колеџ активно се вклучил со своите ресурси и потенцијали во сите иницијативи на Музејот.
Изложбата која ќе опфаќа сто изложбени паноа на архитектонски и дизајнерски проекти и цртежи ќе ја презентира креативноста и потенцијалот на студентите, а програмата наовогодинешната манифестација, освен изложбата, ќе опфаќа иработилници, отворени часови, посети на различни групи граѓани, како и проекти за промоција на општествената одговорност и современото урбано живеење во Република Македонија.