25 Јануари, 2025
0.0324

Музичкото здружение контра телевизиите:Кој не сака да плаќа, не мора да емитува музика!

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Здружението Македонска музичка индустрија (ММИ) обвини дека барањата на националните трговски радиодифузни друштва и Здружението на приватни медиуми се штетни за угледот на државата и го одразуваат нивниот однос кон уметноста и културата.

„Ова е објавување на војна со цел да се дезавуира остварување на право од интелектуална сопственост. Ако навистина опстојат на нивните закани дека во иднина ќе престанат да емитуваат музика на нивните програми, тогаш во многу ќе ја олеснат работата на ММИ, бидејќи нема да има преговори, затоа што ќе нема предмет за преговори. Но, за жал, сето тоа ќе биде на штета на авторите, изведувачите и продуцентите“, стои во реакцијата од ММИ.

Во реакцијата се наведува дека ММИ и Здружението на авторски музички права (ЗАМП) не бараат телевизиите да одвојуваат дел од своите средства, туку оти согласно законот се обврзани да го наплатуваат надоместокот за музичката содржина на програмите. „Кој не сака да плаќа, не мора да емитува музика“, велат од ММИ.

Ваквата реакција доаѓа по вчера упатеното барање на Групацијата на националните трговски радиодифузни друштва и Здружението на приватни медиуми вчера до Министерството за култура, од кое побараа  да ја одземе лиценцата на ММИ и да се направат измени на Законот за авторски и сродни права во делот на прибирање на средства од корисниците на овие услуги.

   

Можеби ќе ве интересира

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност