МВР ГИ ДЕМНЕ ДИВИТЕ ТРКАЧИ МОТОЦИКЛИСТИ ВО СКОПЈЕ: Летаат казни и контроли
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2018 10:29
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, " Христијан Тодоровски Карпош", "Цветан Димов", "Митрополит Теодосиј Гологанов" и булеварите "Јане Сандански", ''Партизански одреди" и "Србија".
Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19,00 до 01,00 часот на 09/10.05. беа извршени контроли и беа преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица "Кисела Вода", поради сомнение за сторен царински прекршок.
Како што МВР веќе информираше во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




